збрка (ж.)

Се најде пред една збрка од факти кои како стуткани хартии шумолеа во неговиот ум.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ветерот беа илјадници души што умираа, сето време збркани и во минување.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И да сакаше не ќе можеше да го протурка низ стегнатото грло ни да му даде поконкретна смисла од големата збрка во нејзината глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Едно време сѐ попадна во ужасна збрка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Телевизорот не е во боја, а ми носи немир. Ми создава збрка...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„За збрка во Полицијата на мислите?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, сепак, во сета оваа збрка Томо ја имаше привилегијата да се храни на двете трпези.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Витгенштајновски кажано, секој таков говор не само што не објаснува ништо, туку во суштина создава философска збрка онаму кадешто не би требало да ја има; или пак има потреба од комплетна реинтерпретација во дескрипциите, кои потекнуваат од некоја трета личност, на усогласеноста на начините на кои се однесуваат членовите на една заедница.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше тоа збрка од воздишки и јачења што се надвиваа насекаде околу него, додека стоеше вдишувајќи ги опојните, суви миризми и ги чувствуваше нејзините наследства од дамнина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Очите полни со солзи од добрината на жената, а во главата голема збрка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За ваквите збрки секогаш биле виновни претрчувањата на сеќавањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)