звуков прид.
звук м.

звуков (прид.)

Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Децениите што новите песни ги делат од првите, свесно и како творечки поттик и постапка ги искажуваат своите поетички разлики и во јазикот и во ликовните и звуковни својства, и во версификацијата и структурата на песните и во градбата на реквиумот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
При пренесувањето на англиските самогласки на македонски не се зема предвид нивната должина бидејќи таа нема смислоразликувачко значење во македонскиот јазик.  Англиската самогласка /æ/ покажува варијантност во пренесувањето на македонски, каде што наизменично се употребуваат е и а.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Ушите ми зуеја сѐ дури до првиот звуков израз на војничката труба за будење во ЈНА. Таму сѐ забораваш, дури и името.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Римата е нешто како звуковна потпора која да ја сочува сета структура на песната, вклучувајќи ја и сликата во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Доминантни ќе бидат движењата на рацете, на телото, на главата, како и звуковите форми, шумови, ревнувања и слично.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)