згода (ж.)
Интересите на целината треба да се еднакво скапи за сите членови што ја составуваат: од неа треба да имаат сите еднакви згоди и во нејзина полза сите треба да прават еднакви жртви.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Двајцата со воодушевување раскажуваа за освојувањата на врвовите, за згодите и незгодите на тие заеднички патешествија .
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Згоди и незгоди за тоа има многу, но посебно е карактеристичен еден случај за кој овие денови говорат многумина.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Живеејќи на чифлигот на татка си потајно демнеше згода за која ќе може да ги наклевети Акиноските пред султаните во Константинопол и да им го одземе Имотот а нив да ги направи свои раетини.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сега ги претресуваа тие згоди со свои смешки и забелешки, додека гурелавите селски кученца се наттрчуваа пред нив и се грвалеа во правта.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во ановите каде што свраќаа, секој од нив имаше по некоја средба со кирајџиите патници, а тие секогаш расправаа по нешто интересно од згодите по долгите патишта.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И, тогаш, како одамна да ја очекувал оваа згода Радуле ја зграби одзад, но малку подолу, за најзапаливото место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И така продолжија да излегуваат на виделина и други згоди и незгоди од многуте есенски и пролетни излети - што се паметат многу долго - некои дури до крајот на животот. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)