згреши (св.)
Како не се најде некој и нас да нѐ брани, господе, што им згрешивме толку на сите светски сили?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поправка нема. Човек може да згреши, Партијата не.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ох, ти гугувче малечко! Што си згрешило ти пред господ, да береш грижа уште од пет години?...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Еј, пријатели, патот го згрешивте...на сон или јаве грешката лузни си остава.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Мислам оти згрешив кога не се нафатив да ги разгонам овие облаци од неговата глава бидејќи токму таквите темни тревоги го поттикнаа она што наскоро се случи со него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како секавица низ глава ѝ мина помислата дека згрешила.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И нему му е страв да не згреши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се сети жената и почна да се туфка: се извинува ако згрешила нешто.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа можеш да се покаеш и да им простиш на луѓето што ти згрешиле.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Оди низ наметот, зашто во мракот и виулицата можеме да го згрешиме патот... - рече Циљка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мислам дека нема да згрешам ако ги наречам и расапеани денови на слободата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Мене не ми треба да одам ваму-таму. Со мојата болест згрешивте.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сакав дури и да ја погалам по косата, ама толку многу се растреперив, толку почна силно да ми чука срцето, толку се збунив, што го згрешив и текстот од песната што ја вежбавме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Требаше и за велосипедот да им кажам, згрешив, сега уште повеќе може да се искомплицираат работите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас никако не сум, ми е страв да не згрешам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А гледаш: ги кати забите, па му растат ноктите и само чека да згрешиш некаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да не го згрешив градот?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)