згрчи св.

згрчи (св.)

Се згрчи ветрето крај барата и умре полека со непозната смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се згрчи позеленет и зграпчи поголем камен на кој пред тоа се потпираше со едниот опинок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Отпрвин ја виде негде далеку, потоа го згрчи лицето в страв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мир не ми даваше портретот со лузни, со жестока болка згрчена врз хартијата, згрутчена во боите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше маѓепсан и загледан, останувајќи свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак, чиешто превиткување го престегна како исквасен ремен и го згрчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговата десна рака е згрчена но без мазна дршка под прстите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел, ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собере во клопче, над очите ми испушти темен превез. Таму каде што шумат боровите, таму каде шумолењето на птиците во моето тело буеја, застана тој скитник на мостот, од бучните црвени води, застана таму каде отчукнува, ѕвоното на мојот живот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ги згрчи прстите и ја потпре брадата на гради. Полека говореше, како да чита нејасни слова.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сето тоа го чувствуваше со своето болно тело, што се згрчуваше и потресуваше и од најмала болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се згрчува... Ми се лизнува низ прсти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неговиот ум се згрчи од помислата на неодговорливите, лудачки аргументи со кои О'Брајан би го урнисал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Целиот благо се згрчи. Не може така, вели потоа, Ќе си одиш!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кејтеновиот син, кога ме виде, сиот се згрчи, како да згазил на срча со боса нога.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собра во клопче над очите ми испушти темен превез таму каде што шумат боровите таму каде што шумолењето на потоците во моето тело буеја застана тој скитник на мостот од бучните црвени води застана таму каде што отчукнува ѕвоното на мојот живот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А во чекорењето снагата честопати знаеше и сама да му се згрчи и да се наежи на она место во ногата над десното колено, каде што беше најблизок големиот остар заб; тоа дури и кога бегаше од тоа да помисли го сеќаваше секогаш, на оној миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Отпрвин ја виде негде далеку, потоа го згрчи лицето во страв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе