здивне св.

здивне (св.)

Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Додека застануваше да здивне и да ухне по неколку пати во своите црвени раце, сеќаваше како сѐ уште го проследува онаа парталава прилика на мршарот по него, но сега веќе не мислеше толку лошо за тој ранет волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Братучедите, одвај дочекаа да се повлечат на своето место над карпата каде што можеа да здивнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе те плисне ветерот, ќе проструи свежина и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тоа беше причина џандарите да најдат нови жртви за тормозење, а Метакот конечно да здивне.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ја ведна главата покорно и уште попокорно ѝ нарача на снаата да им стави вечера, го нагости арамијата, поприкажува со него и кога стана овој, дедо Бошко си рече дека ќе здивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаа страшно многу работа, не здивнуваа спремајќи ги моделите до последен здив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А таа радосна оти малку ќе здивне од копањето оди и ни носи. Таа носи, ние пиеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпосле здивна малку кога се сети на Најда Коџабашијата, кој беше човек умен и разбран.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Значи, тамам почнав да мислам кои градови и држави сум можела да ги научам играјќи ја играта, а да се поврзани со Индија се сетив на првата грешка што ја направив со Игбал при запознавањето и решив да му признаам: - Не знам ништо за Индија – реков искрено и олеснително здивнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тупите завивања во стомакот нараснуваа дури откако ќе застанеше да здивне, но тој секогаш им избегуваше ним.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со леснотија здивнавме кога видовме дека стигнаа првите санитетски коли и застанаа пред салата за приредби, сега преадаптирана во сала за сегрегација. Сите живнаа, го снема немирот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму малку да здивнете од оваа жега, а тие многу ќе се израдуваат кога ќе слушнат дека сте од Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го навади прво со својата пот коренот, а потоа седна под неговиот уште кревок стеблак и здивна: пак имаш сенка, синко Митруше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Долго препишуваше и најсетне обете олеснето здивнавме.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да кажат - сполај Богородице, Свети Илија, Свети Никола, Свети Димитрија и загледани во нив со лес да здивнат и да таксат и пак да се молат и да чекаат, да се надеваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Беше веќе време - здивна таа кога се качивме на височинката. А потоа прошета по тумбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе