здив (м.)

- Аух, аух! - свика со засркнат здив. - Се сневиде сѐ!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во здивот гребеше остинат чад од цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Меѓу два залака варена пченка тренираме продолжен запир на здивот и дури утре ќе забележиме дека сме испокасани од невидливи мушички.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сите го запреа здивот за да можат да слушнат што ќе биде и кои се овие наседнати на масата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа седна врз него, бришејќи си го потното чело, собирајќи здив, смирувајќи го своето возбудено срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Слегни на мојата планина завиена во топло крзно сета од здивови на исплашена дивина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Си го гледам здивот пред устата и се мислам што да направам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури тогаш можеме да тврдиме дека и вистински го имаме почувствувано оној здив на мечката што не сме ја виделе иако нѐ делеле два чекора...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Несвесно се прашуваше со која може да заврши неговиот последен здив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Здивот ни се собрал и сѐ повеќе се згрутчува и тежи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стои времето во собичето, стои воздухот во него, без здив, без трепнеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но и дојденците и староседелците со очи си го пиеле здивот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заплашувањето на првиот зимски здив внесуваше во нив бес - луташе таа мафија по улиците и оставаше зад себе јад и солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го лижна леденото ванилино топче и во таа една или две секунди нејзиното свилено здолниште затрепери од допирот на незабележливото здивче ветер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го бутнаа пред себе топлејќи му го тилот со здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа што го виде на лединката, сред девствениот лаг, му ги поткоси нозете, му го запре здивот во градите, целиот го зашемети...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие го плиснаа со топлиот здив на животот во домовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе