здола (прил.)
Мечката уште веднаш го имаше исфрлено од себе неговото јарче и стоеше свртена кон него, а по сртовите се расцепи еден таков див вресок, од чијашто болка чиниш и дрвјата здола го истресоа тешкиот окит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Земјата ја изгазија така вешто што не можеше да се познае дека има здола скривница.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На непријателот да му легнам здола! Тоа не! Само тоа не може да биде!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Здола, на јаслите, се чеша кравата, првка и потклоцнува магарето, како човек да ти чука на врата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Беа два слоја од тој длабок снег, едниот беше здола и го зафаќаше високо до над колениците, а на неговата површина стоеше една дебела корка, која иако тешко, но сепак секогаш се раздробуваше под неговата тежина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поп Петко разбра од пазарџиите дека си дошле во Прилеп и дека си кинисале, од други разбра дека се вратиле во Дуње; од трети дека ја поминале Црна, а последните му рекоа дека се вратиле од манастирот да запалат по една свеќа и веќе се зададоа здола Сидорка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А, оние, пак исто така долги, здола малку поплетени, сребренести коци, а со лицемерни насмевки, се самовилите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Некој лизурко, не знам дали не е Сатирот, здола под масата, веќе се токми да ми го лиже газот и јас веќе се радувам засшто ако го пуштам да ми го лиже газот со тоа јас веќе станувам член на ова елитно друштво; арно ама тоа што некој ќе ми го лиже газот мене ме обврзува јас некому да му ги лижам стопалата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога пукна зората, на 14 октомври 1904 година, кај Цоцовци дотрча селанец и на Толета му рече: — Бацко Толе, аскер здола Црна!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)