здравствен прид.

здравствен (прид.)

Ќе бегаш кога ќе ги препознаеш, додека меѓу луѓето во голем трговски центар, со отворена здравствена легитимација и стари истуткани резултати ќе просиш за лекови...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На секое од овие деца им ја знаеше добро семејната, но и здравствената историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На говорницата излезе претставникот од Заводот за здравствена заштита, докторка на средна возраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јас никогаш и никаде од дома не излегувам. Од здравствени причини.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прво, воведен е пократок рок за пријавување во Заводот за вработување за лицата кои остваруваат право на паричен надоместок и право на здравствена заштита во однос на останатите невработени лица што се пријавени во Заводот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Промените ги засегаат и работниците, преку намалување на веројатноста дека ќе добијат надоместоци за храна и превоз и преку намалувањето на износот на нивните идни пензии, а посредно и преку намалувањето на приходите на Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување по основа на придонеси од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По ова, тој две години останува дома – без работа, без никакви приходи и без пензиско и здравствено осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Новина е и воведувањето на антидискриминациска одредба согласно која работодавачот, при вработување или работа на странец, не смее да го стави барателот на вработувањето, односно работникот во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидноста, религиозното, политичкото или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статусот на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бев видела дека така стои на мојот здравствен картон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ааа, заборавив да кажам; нема плави картони и не мораш да плаќаш здравствено за да бидеш осигуран.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се плашеше да не ѝ се влоши здравствената состојба уште додека е тука. Пред да се врати дома. Нема да може да отпатува со авионот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За времетраењето на судскиот спор не беше ниту побарана, ниту пак изречена некаква времена мерка и Авдиќ не примаше никаков паричен износ, а не беше ниту здравствено осигурен од страна на работодавачот – иако тоа право му следуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, битен аспект е и здравствениот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во посебни случаи, работникот кој работи помалку од полното работно време во согласност со прописите за ПИО, или со прописите за здравствено осигурување – остварува права од задолжителното социјално осигурување кога би работел со полно работно време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Систематски и контролирано ќе се следи здравствената состојба на учениците, како и подобрувањето на средината во која учат и живеат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доколку работникот кој смета дека трпи вознемирување на работното место, а поради тоа му е нарушена здравствената состојба, има право до завршување на постапката, да биде преместен во друга работна просторија, односно работна средина (чл. 28), додека пак на лицето кое го врши вознемирувањето или го злоупотребува правото на заштита од вознемирување, работодавачот може да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, а ако во рок од 6 месеци повторно изврши вознемирување, може да му го откаже договорот за вработување (чл. 29).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Повеќе