здрав (прид.)

Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Си го пособирам чаршафот под гушата и ми иде да му речам да не ме сече кај што сѐ уште сум здрава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во негово маало немаше здрави сите другари му беа наркомани од дома добиваше пари да јаде но сиот џепарлак за ганџа го даде
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
По сѐ изгледаше дека од нашата куќа сите излегоа живи и здрави, бидејќи таа не падна уште на првиот потрес.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Искажувањето на своето разбирање на народните идеали и критиката на таквите не е празна работа, зашто идеалите се душата на општата народна работа и од здравоста на таа душа зависи и здравоста и плодовитоста на самата општонародна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден од браќата, лекар, сестрата, медицинска сестра, ѝ носеа на Мајка секакви лекови против главоболка, за смирување, разни сирупи, за деца и за возрасни, витамински препарати, а таа беше здрава, поздрава, за својата возраст, не можеше да биде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Меѓу нив има луѓе со висок патриотизам и со здраво разбирање на националните македонски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради сево ова, на многумина хетеросексуалци што се дават во брачните води хомосексуалниот мерак по брак им изгледа како ставање трн во здрава нога.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Што, при здрави раце сакат да бидам, нели? Е, тоа не може!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Прозорецот остана здрав. Не можев да си поверувам на очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Метаболизам на дискусијата Кампања за здрав разум и обновлива енергија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ја гледаше карпата над својата глава, погледнуваше со страв во амбисот под себе и се прашуваше: да продолжиме да се качуваме или да се вратиме здрави и живи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го заплисна здрав глас, порој на безгрижност: „Здраво, хер доктор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Еве да ти се јавиме цару дека сме живи и здрави што и тебе ти пожелуваме од сето срце и душа да чуеш за нас како сме ги биеле твоите војничиња и како ќе ги биеме конкретно...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јебем ти таква демократија. Ако е тоа демократија тогаш мора да кажам дека е најпосраниот систем на уредување кој е измислен досега и не е ништо друго освен дупење у здрав мозок и трговија со гласови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кој те гледа дали си здрав или болен...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега и здравото око на кловнот е слепо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кај што има куче има и здрав човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе