зеленикав (прид.)
Најпосле салата се подиспразнува и ние можеме да се доближиме до славниот камен. Поставен е под стаклен ѕвонец и осветлен со силна зеленикава светлина.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Поставен е под стаклен ѕвонец и осветлен со силна зеленикава светлина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
На кејот девојката си ги капе стапалките во зеленикавите бранчиња.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се вее мазното зеленикаво лисје на вечните палми.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Болката во зглобот беше силна но не можеше да го потисне срамот пред жената пред чии очи со зеленикави пламенчиња се чувствував бедно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Потоа, токму како што посакував, го извади оној нејзин сребрен прстен со голем зеленикав камен од показалецот и го стави мојот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу паркови, многу зеленило, многу дрвореди и така бучавоста на градот се претопува и стишува во неговата зеленикава панорама.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сините, па зеленикави води на реката добиваа бели подвижни брегови, а од јужното море беа долетани галеби. Тоа беа последните мигови на нашиот детски рај со козите...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неутешната убавина на зеленикавиот блесок на сечилото го предизвикала да воздивне.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Истиот зеленикав руски џип, го видов од прозорците на долгиот коридор од хотелот во Влора, кога во долгата, пеколна ноќ, исцрпен од жед одев во собата на директорот на театарот да ги испијам потребните резерви вода за наредното патување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со познатиот секојдневен негов начин ја фрли цигарата исти како и зеленикавата бубачка и воздивна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ја остави шумата дури кога забележа како меѓу стеблата почнаа да се зафаќаат зеленикавите квечерини.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зеленикави карпи краставо ги кителе ридиштата со пештери и пештерчиња: судбината на скаменетоста ја решетеле џиновски црви што можеби живееле во минатото; тоа луѓето од селото чекор по чекор и со векови навлегувале во земјата, копале и со крвави раце делкале воденички камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Божидар, плати. Извлеков од плиткиот џеб на панталоните две `рѓосани перца за пишување, едно парче сино стакло и зеленикава бубачка богомолец.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Очите, едното бледосино, другото зеленикаво, бараат во огледалото еден друг, некогаш славен лик.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Разденувањето ги бришеше ѕвездите и полека окото се полнеше со светлина: зеленикава, па жолтеникава и на крајот азурно-сина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На крцкавата маса, покриена со зеленикава мушама, чаша со светло - румена крв.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)