зеница ж.

зеница (ж.)

Се преселив во зениците на твоите очи во урнатините на омразата рти формулата на нови откритија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Па сега сум море каде пустош тлее и солза сум само в зеница истината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Го изоструваше и сетилото за гледање, за снаоѓање во темница, одејќи со раширени зеници низ мрачната соба и алкајќи со рацете пред себе за да не се удри во некој предмет и одејќи со меки чекори како мачка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Огледалото ја крши светлината и остро ја расплиснува во неговите запалени зеници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одаите полагаат испити по живот Имаат очи со темни зеници во сливот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Неочекувано една рефлекторска нишка го улови твоето око, ја предаде твојата зеница, и јас го видов оној сјај што дотогаш ми се чинеше поинаков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Окован со мисли беднику со нокти зениците ми ги откопа... Умрете, за да живеете во вечниот дом на непреболот- немирна душа тихо шепоти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Зениците на малиот крадец се раширија уште повеќе; престанувајќи полека да бидат слепи, тие ги одлепуваа предметите од мракот сѐ додека не се задржаа на големата и таинствена каса на ќошот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прво погледна во зениците на нејзините очи, бидејќи како лекар знаеше дека тие се огледало на општата состојба на пациентот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Милосрдните сестри идат и само се чудат: ги вртат зениците ко живи топуски и постапно ме испитуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ што гасне сѐ в зеница сјае.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Овде си постојано, ги гледам твоите зеници како танцуваат на моите трепки, а твоите раце се гушкаат со моето тело.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Волчи лик: две смрзнати црвени зеници косо спуштени кон широкиот корен на носот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Усвитената зеница на синото небесно око рамнодушно се вргалеше во пустелијата на која бев.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Размостување на мостот од судири... Во зениците молскавично се гаси последната светилка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Лукава раздвиженост избликнува од нејзините зеници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сал нив им ги отвора широко зениците топли од сонувања за дни недонесени, меѓу сите предели ги брише границите... Затоа поетите гледаат занесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Хипнотизиран, ја гледаше светлата пруга во зеницата на мачешкото око: Тебе те ставаме меѓу тројцата судии.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сегде во светот и за сите бруцоши со уште неизгаснати млаки контури во зениците, контури на океанските острови кон кои ги носеле нивните гусарски бродови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зениците му беа сплескани и широко положени зад стаклата на очилата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе