зимовиште (ср.)
Крсте, Стојан и Нешка не еднаш стоеја до плетот и ги гледаа пчелите како влегуваат и излегуваат; како тие што влегуваат, носат жолт товар на нозете, го подаваат на „мајсторите" на вратата и се враќаат по нов материјал за нивното зимовиште.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Првото лето Толе го помина со неколку кражби и зеде некоја пара за зимовиште.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зиме овците слегуваа на зимоиште во Долна Белица, а лете, од април до септември, се качуваа на високата планина Јабланица, на илјада и двеста метри, во катунот на селото Горна Белица.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Подоцна тука блиску се заселило селото Дуње и почнало да ја пушта својата стока во ова пасиште, кое Полчивци го чувале за зимовиште, бидејќи летна паша имале во големата планина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)