злобник (м.)
Искривената вистина за заводник ја создаваа само злобниците кои вистински не го познаваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ретки злобници потајно тврдеа дека тој бил уфрлен шпион во Козар маало, постојано соработувал со властите, а сега сите ги оставил на цедило!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Злобниците велат дека ова беше начин да се бркаат женски и дека ако некои момци не се истетовирале, никогаш немало да успеат да се оженат.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
А тие беа вистински злобници. Измислуваа секакви прекари за неа, особено за нејзиниот задник.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)