злогласен (прид.)
3 Во времето кога двајцата бегалци дојдоа меѓу бригадирците, во Струмичкото поле се биеше голема битка за исушување на злогласното Моноспитовско Блато, кое што со години веќе ги испиваше и луѓето и плодовите на земјата во овој богат крај.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
– Јас мислам да се направите дервиши, или калуѓери како ги викате вие, и да ги прошетате тие злогласни села, сетики ќе можете нешто да исчепкате.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А во негова најнепосредна близина бил злогласниот логор Терзинка, во кој нацистите усмртиле стотици илјади невини животи од цела Европа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наеднаш прелетува лиљак. Злогласно, грозничаво зави був.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Па, злогласната реплика на Бети Дејвис јасно прерасна во показател на одреден конкретен став, карактеристично држење што инаку би било тешко да се долови со три зборчиња: комбинација од вулгарност и гордост, презрива надменост, погрден естетски суд, претенциозност на несудени високосталежници и ситничаво, женско отфрлање на несебичните, искрени, машки вредности на средносталешката пристојност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Корец слушна за злогласниот логор, за кој официјално се наспомнуваше дека е работен логор, иако чувствуваше дека е логор за егзекуции.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)