злодело (ср.)
Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеше да го осудува Голдштајн и да бара поостри мерки против мислопрестапниците и саботерите, можеше да грми против злоделата на евразиската армија, можеше да го велича Големиот Брат, или хероите на Малабарскиот фронт - воопшто не беше важно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Борец против злодела! Воин кој трага по правдата, онаа човечката правда.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Во средновековна Европа животните биле сметани за одговорни за своите злодела.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Можеби ја преувеличал својата болка - можеби сето било сон, како што била и неговата фантазија за овчарот, уште еден пример на самоизмама во поглед на злоделата на неговите родители, а не на она што тие навистина го направиле. 96 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Има ли злодело што застарува? Има ли некој кој чувствува грижа на совеста?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега, за да се оправдаат за злоделото, можат нас да нѐ наклеветат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се сетив колку вика мајка ми кога ќе влезам внатре со чевли и веднаш се почувствував како да сум сторил злодело.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)