злорад (прид.)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во тие зборови нема злорадост како што ја нема ни во зборовите на слепиот иако тие имаат јасна смисла.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Откако ќе ми ги испразни џебовите, клисарот злорадо ќе се клешти над мене. Вечнаја памјат...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Старец?“ без злорадост ја праша. „Не...да.“ И се насмеа. „Се претставува смешно. Отец Симеон.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)