знаменосец (м.)
Високо над позициите знаменосецот го развеа аловото знаме. Битката почна...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Целата бригада се построи. На чело со знаменосецот Трајче со марш и песна бригадата тргна...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Играа селаните, играа и партизаните. Во орото беше и Трајче, гордоста на селото, гордоста на целата бригада и знаменосецот на бригадата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Крушево е град знаменосец.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Бригадата слегуваше од Караорман. На чело со знаменосецот, бригадата влезе во селото Мацково. Знаменосецот сега беше мацковчанчето Трајче!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А што друго можеше и да се очекува, освен да се освести од сопствените блујаници на затворскиот нужник за клечење, кога мртов пијан од бруцошка матежина на доточка и првоток се качил на маса во студентската менза и држел говор - за сѐ и сешто, од прадедо му знаменосец на Мечкина Дупка до дедо му роготрубач на Зајчев Рид, од вујко му рудар во Аргентина до стрико му говедар во Патагонија, ниеден од оваа власт слезена од планините, ниеден од неговото планинско село да е член барем во Управата на спелеолошкото друштво ако не во управата на филателистите. На Републикава, да ја ебам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сите знаменосци завршуваат во гробницата на историјата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)