знаме (ср.)

Секое сабајле станувавме во шест часот, се строевме по височина, го кревавме знамето и ги слушавме најновите вести.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави, слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Би сакал, добри мои, да го завршам овој разговор со мојата песна “Нашето знаме
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
НАШЕТО ЗНАМЕ Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави - слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Носат знамиња, пароли на кои пишува: Не сакаме скапа технологија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На зградите се развеаја знамињата со кукаст крст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бајрактарот го носи знамето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Лабро без да чека двапати да му речат, го одврза учкурот и со едната рака, држејќи ги шалварите, а со другата рака ...., се истопори пред ѕидот и од лево кон десно, па нагоре и надолу, го мочаше знамето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знамето, во егзил, доколку било откриено, во некои околности, особено во времето кога минувавме низ емигрантското чистилиште, можеше да има тешки последици за судбината на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А од секое пенџере се виори бело знаме од завесите, луфтираат по платената љубов и чат-пат ќе излезе некој во долна маица на некој перваз и ќе плукне одозгора.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стој сега ко знаме кај освоил сонот и третата мена отвори ја в понор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во Мартовските демонстрации во Белград, тој беше на чело на една поворка, го носеше знамето и викаше: - Поарно „рат“, отколку пакт! Поарно в гроб отколку роб!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ни подарија радиоапарат и неколку метра црвена свила за македонски знамиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во исто време беа истакнати сите знамиња и другите работи што одат со тоа и веќе можеше да се рече дека почнал испитот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Каде што ќе застанеше дедо Геро со четата таму високо ќе го кренеше знамето на кое пишуваше СМРТ ИЛИ СЛОБОДА.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во Татковите мисли се вееја нејзините заборавени знамиња, во ковчегот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Велам: прашајте од која страна на времето отидоа и какво знаме се вее врз коските на татковците ваши...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе