зоврие св.
зовриен прид.

зоврие (св.)

Доволно е над селските стреи да поминат лутите писоци на дивите гуски па да зоврие крвта ловечка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крвта зовре во сите девет души. Се наведе стариот и му стори грб на еден од неговите другари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но најголем мајсторлак покажуваше во подготвувањето на зелените смокви зовривани во девет води.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зоврев и му се фрлив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ти зоврела крвта, не те остава да мислиш попаметно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој ветер ги гореше пределите, ги растегнуваше коските како восок, крвта ја зовриваше и згуснуваше во калливи напласти во мозокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Замина потаму, дури откако успеа да си го придуши во себе сиот тој зоврен бес.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ми зоврие крвта, вели, а ми е страв да влезам низ врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И зовреа од лутина кога видоа крај оградата прострелано куче.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Рецепт за живот Треба да биде како правење сутлијаш. Прво да се остави да зоврие, да се возбуди, да избие.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Водата во шлемот зовре. Евто одврза од една крпа сол, ја тури во водата, ја зеде торбата со пченкарното брашано, скрши една дебела гранка место сукало и му заповеда на Трајчета: - Ти ќе тураш од брашното, а јас ќе мешам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Додека се чека да зоврие водата, се замесува тесто од царевно брашно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Коле ја зовре гајдата, Толе го поведе орото и за час се растегна по целиот чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го чувствувам мирисот на ракетата што зоврива напладне. Стојам под вратата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Само ако погледни човек што ни се случува нам, тука во Битола, каков пад во последниве 20тина години од времето на балканските војни, па светската војна која ги зовре европските мозоци!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Винстон ја запали печката и стави чанче со вода да зоврие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жено, ѝ подвикнав јас на таа жената моја. Зовре вода­ за крмакот? Ја прашувам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Незадоволството зовре во него. Еразмо беше исправен пред немоќта!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. Не можеше да го дочека ѓезвето да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. Му ги избакна рацете и му благодари за големиот подарок кој утринава ѝ го вети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе