зоологија (ж.)
Дарвин скоро ги завршува патувањата со бродот Бигл преку многу мориња и ги допроучува создавањето и променливоста на органскиот свет откривајќи нови повидоци кон зоологијата, ботаниката, геологијата, палеонтологијата, антропологијата и етнографијата; во еден дел на Македонија масовно пцовисува од некоја чума запрежниот добиток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ова не е час по зоологија или по редење сликички.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Таа, кога ќе влезеше неусетно во неговата работна соба да му донесе чај или нешто што беше подготвила за децата, ќе видеше на масата широко отворени книги, енциклопедии, атласи од областа на астрономијата, зоологијата, ботаниката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ботаниката е заменета со зоологија, а професорот е истиот : долгообраз, жолтеникав (може поради костумот), очи големи, испакнати, белките на сите страни разлеани.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)