зорт (м.)
Турците видоа зорт додека да ја покорат Србија и името Србин означувало за нив разбојник.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Упорно суриваа надолу кон орманот посрамено и без зор.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Кога еднаш се најде во зорт за пари, заклучи дека е најпаметно од неа да побара мал заем.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ако видам зорт, ќе додадам нешто за некој друг, ама својот не го издавам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Троа мака, троа зорт долни крај, ќе си постенкам, ама баре дирек на куќата ќе си остава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Крсте не дотраа, пак се испули кон нив и пак боцнат од невидливото шило, ја заврте главата, и пак му даде зорт на магарето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Лебами, зорт да го најдете. Селото реши да не го предава, та којзнае дали ќе ви го кажат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште пред да дојдат на „Гошово“ Доста поотежна, но бидејќи домашните работи и работите по градините и царевките не беа толку зорт, Митра не можеше да ја сети на кој ред е.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лебот наш насушен како судбина. Мизерија форевер, кубурот за зорт заман.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
— Е, море, да не дојде работата со бесење и со зорт, та така, ај, ме зел, ај не ме зел.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вртисенка за добра зделка од добробит со лесна среќа распамучен, стопен, смекнат пред Вишниот купил свеќа За зорт, за фајде, за да свети небаре за час се сетил ако ништо некогаш не ќе се има да засветли една свеќа да се најде и околу многу сенки.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Али видовте некој зорт и ајде по полноќ „кај вујка ми кир Ристаќија“!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ако се навртени долу Црна, лебами, зорт да слушнат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Секогаш има зорт заман (полоши времиња).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Такви сте вие! Кога сте на зорт, — дај, помагај, чорбаџи Теодосе, а после за враќањето, тој крив, фрлај дрвја и камења... на чорбаџи Теодос, треси черги над него...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)