иако сврз.

иако (сврз.)

Ми го спаси еднаш животот, што се вели, и го имам за втор господ, иако првиот не сум го видела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние му стоиме со некој неодреден одговор: чекаме и нас да нѐ угрее сонцето, иако сонцето грее, веќе прижежува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако мескалинот не создава навика, толеранција се развива за релативно кратко време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа, иако исчезната одамна, успеваше да живее и да го оживува моето детство, со истите илузии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можам да пресудам право за нив, иако човекот не е судија, тој никогаш не смее да им суди на другите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Може да се допре со прсти и она што не постои, иако место злато, изложено на завитканите во кадифе витрини, зјае голиот асфалт.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислам, не ми беше право, иако жената е створена таква, сѐ да може да поднесе трипати повеќе одошто мажот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Многу држам до него, иако напати како да ми недостасува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашиот разговор не можеше да се продлабочува, иако, во основа, ние немавме различни гледишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Органите на српската пропаганда во својата душа никогаш не се чувствуваа како „Срби” или „србомани”, особено во првите 10 години, иако имаат тие живеано во Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Плачевме, иако пред малку сите ни зборуваа да запреме веќе еднаш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сум ги заборавил. Иако знаев дека ќе ми требаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе можеше да се седи надвор иако вечерите беа сѐ уште свежи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пушката му стасуваше до колениците, иако ја носеше на повисоко рамо и со цевката нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иако периодот на секое вработување на определено време не е изречно определено, може да се заклучи дека не би требало да трае долг период – односно, само по исклучок, би можело да надмине една година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако се немавме видено од вчера изутрина знаев дека таа го имаше навлечено на дебелите меса она нејзино мини здолниште стегнато со кожен колан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На сликата на белиот мермерен споменик, иако многу одамна не беше ја видела, ја препознала својата другарка и не можела да не се расплаче силно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе