ибрик (м.)
Небаре бакарот на неговите ибрици усвитено испаруваше, толку беше жешко таа пуста вечер.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овде и водата се продава. Се пие од ибрикот, од една чашка која и не се заплакнува...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
грнчарите дуваат во дулињата, стомните, ибриците, бардаците и другата грнчарија, ги полнат со вода и покажуваат дека не течат;
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На сите платна беше исликан ентериерот на Сарајот, долапите и мусандрите, вратите и таваните, џамовите со тешки пердиња, ковчезите и каселите, ибриците и мангалите, килимите со необични шари-арабески.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Свети целиот како мојов ибрик зашто имал сила да ми подари роб!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Масичето, можеби пониско од нормалното и подизлупено, изгледаше тукуречи кокетно со малата ткаена крпа под ибричето со цвеќе, со Библијата, мојата машина за пишување и кошничката со испишани изводи од десната страна и рамчето со слика од Стефана, на левата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
5. ИБРИК СИ Е, АЛИ БАРДАК - но дека си има сред вазните рода како реликвија музеите го вардат непуштајќи го да оди по вода...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Наместо одговор, Анѓа ги тресна од земја ибрикот и кошницата и како стрела се изгуби од вратата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кај валијата, на султанот му потурија да се измие во биљурно коритце од сребрениот ибрик украсен со драги камења што го направил некојси Ибн Пајко, тогаш рисјанин, а сега само Мурат-ага, му рекоа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Марко го изучи занаетот и изработуваше свеќници од тенки и испреплетени жици, а ибрици дури и од чисто злато, украсени со скапи камења и шари, умот да ти зајде.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мајка, со ибрикот полн со чај, влезе во собата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пред куќите и по кривулестите улички беа изложени шарени керамички садови: стомни, чаши, чинии, бокали, филџани, ибрици, вази и ќупови за масло, за вино, за жито.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Амови, колани, налани, леѓени, свеќи, златни украси, ибрици и ќунци, сабји, ножови: налбатите и ковачите креваа врева, папуџиите пееја, кожарите си ги обработубаа кожите во камени корита, кујунџиите со двојно око ги виткаа шарите на своите белегзии и ѓердани.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Марко жаловно се насмевна:
„Со ибрицине ли и со сааните?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Така и Марко, не знаејќи колку му е сличен, седнуваше на привечер, пред да го замандали дуќанот во Скопје, седнуваше сам крај своите ибрици и синии што ги беше направил, покроце и на јаваш да прими малку од огревањето на нивниот матен сјај.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Држеше дрвен кобел за боза со светнати жолти обрачи, ама и ибрик за вода, а околу половината и запашан тенекиен појас со чаши. Бозаа! Слатка, кајмаклија бозааа!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)