играч м.
играчка ж.

играч (м.)

Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По мене веќе се качуваат свирачите, играчите: тие што имаат нозе ќе играат ора и сиртаки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но брзо се увери дека не е шега кога виде дека сите тројца играчи ги зедоа поделените гравчиња и толку динарчиња ставија во влогот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не ја согледа опачината зад која се криеја повеќето нечисти играчи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едниот играч бара од другиот да пронајде збор име на град, на река, на држава или царство накратко, некој збор што се наоѓа на шарената и замрсена површина од картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Новиот во играта обично сака да го збуни противникот со тоа што ќе зададе имиња испишани со најситни букви; но искусниот играч избира зборови со големи букви што се протегаат од едниот до другиот крај на картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На даден знак со шамичето играчите застануваат, свирачите се во напрегнато чекање. Очите на Атанас се исполнуваат со солзи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не минаа две-три тури од играта, газдата на арабаџиите го нервираше бавната, речиси неподвижна игра на старите играчи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ние, децата, збунети, без да ги разбереме зборовите на гостинот потрчавме кон Мајка за да ја известиме кој е четвртиот играч и што кажа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За разлика од газдата на арабаџиите, макар останати без некогашното богатство, тројцата стари играчи остануваа со непроменлив ведар дух, трпеливост, толерантност и здржаност пред значајните одлуки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Треба да знаеш кога да го напуштиш орото, за да останеш играч, за да бидеш и натаму ороводец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Татко првин во ист број им ги подели гравчињата и му нагласи на новиот играч дека едно гравче вреди еден динар и дека тука нема што да се менува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како во играчите да има нешто од некогашниот дворски шут, во најплеменитата смисла на зборот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Современиот играч, заробеник на жестокото темпо, го плаќа данокот на својата алчност и неблагодарност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тројцата играчи можеа да очекуваат секаков четврти играч за покер, но ваков во никој случај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го постигна тоа со тоа што неколкупати на најслабиот играч на масата до кого седеше со нокт му ја чукна картата што тој требаше да ја фрли.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така четвртиот партнер беше секогаш нов, непознат, необичен не само за старите играчи, туку и за сите нас, другите во семејството, Мајка, ние децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Играчите, без оглед какви карти добиваа, слаби или силни, си прикажуваа за старите времиња, за моќта на семејствата, за изгубените имоти, ниви, куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе