игумен (м.)

Така изѕемнат, одвај отворив уста за да го прашам игуменот каде води онаа врата наспроти собата каде што седевме ние.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Италијанецот слушајќи го игуменот, одвреме навреме се вртеше зад себе и се загледуваше кон ќошињата од црквата: забележуваше како некоја човечка прилика се прикрадува зад нив и ги следи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Игуменот ги благослови и ги одведе во вториот двор, во манастирските конаци, давајќи им знак на двајцата калуѓери да ги земаат коњите и да ги одведат во шталата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајка му, држејќи го за раце него, Максима, и плачејќи го молеше Неби бег тој лично да им го предаде на делениците во Прилеп и да ги моли од нејзино име и од име на татко му лично тие да го испратат до манастирот Трескавец кај стрикото Ефимеј, игумен на манастирот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Игуменот нѐ почести со вруќа ракија во една од собите на манастирските конаци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Игуменот им кажа дека е градена во вид на крст, лежи на четири столбови, со апсида на источната и западната страна, со две куполи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Игуменот им кажа дека манастирот го изградил свети Наум околу деветстотата година, дека бил светилник на словенската писменост и култура; дека по неговата смрт, дејноста ја продолжиле неговите ученици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од арамиите се спасил само еден. Отишол во некој манастир и, за спас на душата, братски му оставил на игуменот торба злато, да го топат и да леат олтарски двери на кој ќе може да се види историјата на светот...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога во одајата им стана задушливо, ги зедоа чашите, авланката со вино што им ја донесе игуменот и излегоа надвор да пијат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Запреа и кај фреската на ангелот за која игуменот им раскажа како зографот Трпо, пред да почне да го црта, долго време барал по околината модел што ќе му послужи за ангел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Манастирот подоцна, им рече игуменот, со доброволни прилози на народот, пак се обновил, но низ времињата бил често опустошуван и плачкосуван од качачки банди: опустошуван бил и од чумите што ги носеле војните; но тој пак опстојувал и ја ширел просветителската дејност преку учениците што учеле во неговото училиште.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ноќта игуменот чу тропкање по чардакот; наштути, стана од креветот и ѕирна низ прозорецот од одајата; на месечевата светлина го забележа Наќа кој помина држејќи дрво в рака и се упати кон одајата на полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пред триесет години, со доаѓањето на манастирот, посакала од игуменот да биде благословена како Ангелина, зашто тоа име најповеќе ѝ прилегало, како што му прилегало и на нејзниот син.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Игуменот продолжуваше да им раскажува дека сѐ некоја несреќа го следела манастирот: токму кога ќе завладеела благосостојба во него - ќе зафател пожар и сѐ ќе збришел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Крчма изградија. Крчмарот за игумен го прогласија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Игуменот им го покажа бунарот во дворот од црквата прокопан до самата вода на езерото, од кој, во денови на зулуми и опсади, црпеле вода за пиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе