идеолошки прид.

идеолошки (прид.)

Како вистински јаничар тој беше во состојба да ја жртвува својата мала татковина и својот идентитет на Грузинец за идеолошката татковина на советскиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бучниот усташки циркус и онака живее од идеолошката дотација на државната политика.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Крајно време е критички да ја преиспитаме оправданоста на догмите на неолибералистичкото 201 едноумие и повеќе да не жртвуваме неброени човечки судбини на апстрактните идеолошки догми.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одушевувањето што ги беше обземало беше дословно одушевување над таа празнина врз која хегемонијата сѐ уште не ја беше преземал ни еден позитивен идеолошки проект.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Употребените симболи и мотиви добро ги отсликуваат идеолошките апсурди, судбината на опозицијата или пошироко патот на паѓањето на системот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е совршен пример за идеолошко спарување на фамилијарното и туѓото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И во двете димензии романот е еден од најдобрите начини да се види уништување на идеолошкиот универзум, затворен и суров, но без да се каже било што директно, и тоа е што ме воодушеви во ова дело...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Земјата минува низ мачни искушенија: следеа монтирани процеси во името на класната борба, се множеа идеолошки и верски прогонства, придружени од страшен лов на вештерки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По ликвидирањето на мамутите и идеолошкиот раскин со диносаурусите, опосумскиот монотеизам преминува кон својата наредна фаза: фалсификување на праисторијата.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Што сум истовремено во матицата на идеолошки и политички превирања.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Црнците мораа да се борат за да ги изменат законите, социјалните практики, сопствените гледишта и идеолошките структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Довчерашните браќа станаа непријатели. Идеолошки се разминаа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во однос на идеолошките премиси на НОД Мекдоналд ќе истакне дека тоа “во својата основа пред сѐ е национално, а како второ комунистичко движење.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од една страна, несомнено е дека некои лица, врз основа на своите интереси и/или идеолошки позиции, стојат на мислењето дека работниците се доволно заштитени, па дури и дека сѐ уште имаат премногу права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Идеолошка настава, што се вели, и воена и духовна обука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целта на авторот е да се укаже на „проблематичноста на потрагата по определбата на ‘идеологијата воопшто’ “; на различните значења и употреби на поимот „идеологија“ и неговата преголема едноставност; да се претстави „многустраноста и комплексноста на односот на субјективитетот спрема идеологијата и неопределивоста на идеолошката акција на субјективитетот; односно, да се истражи (проблематизира) валидноста на повикувањето на идеологијата во објаснувањето на акциите на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе