избега (св.)
И затворена да ја држи устата, што се вели, пак ќе му избега насмевката, ќе му се украде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сѐ е под клуч, што се вели, целиот свет се држи заклучен, а мене умот ми е надвор избеган.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Размислував изутрина да избегам кај вас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оти тогаш сите ќе избегаат под дрвјата и полето ќе остане само со сонцето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Жената има секогаш нешто за чистење, па мораш некаде да избегаш, да се подзакриеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На едно дрво се ниша сува гранка од едно уплашено врапче што стои како шикла и не знае кон кај да летне, кај да избега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе ја удрам меѓу рогови и ќе ѝ избегаат очите од главата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Девојчето е ничкум и со посегната рака кон куклата што ѝ избегала.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поскоро да избега од тоа жестоко чувство дека е виновник и изневерник.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Некни морав да избегам од брат ѝ и да се сокријам дома.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
В село не му држело да се врати и избегал преку море.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш, во Татковата свест се роди идејата да избега што побргу, со семејството, небаре следејќи го патот на јагулите до Америка и назад, преку потомците.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еднаш ќе избегаш од нив и пак ќе дојдеш пред нив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Арнотија ли е ранењето на избеганите во Бугарија Македонци, кога Бугарија е првата и последната причина да им се разорат куќите?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Патот е сиот подлокан и едно тркало избегува во ендекот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Избега и еве го сега овде во оваа осамена колиба ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)