избезуми (св.)
Напати ќе се избезумам и ми идат мртовци на сон.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме избезумува постојаното заминување на возовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите беа избезумени и како луди трчаа де наваму де натаму по улицата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Од тие причини се избезумив кога првиот пат го слушнав Документот...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во собата, под прозорецот со неколку матни дамки од месечината, некој јачеше од задоволство, додека шишкањето на ќебето и чаршавите го избезумуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На пленуми и конгреси по име и презиме ги именуваа виновниците и дури тогаш разбравме дека растурници нѐ растурија, луѓе без трошка татковина, без корен и без дамар, бескуќници и арамии нѐ испокрадоа, лажговци нѐ исполажаа, безумници нѐ избезумија, та нѐ иселија и раселија...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Анко не можеше да издржи: пламна од лутина, се избезуми.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Што?! - се избезуми татко му на Митко и брзо по телефонот ја побара Противпожарната.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Мајка ми е избезумена, само супи му готви, му клава ладни облоги, а таја нејќи да јади, ако касни нешто веднаш го повраќа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тоа сосема ме избезуми.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се избезумија од тоа, и тој, и Претседателот, иако тоа беше само мимолетна едвај забележлива повенатост и зимурливост со боја на смил во тие старечки црти.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Уживањето му се гледаше на лицето; некои букви му беа фаворити, до коишто кога ќе стигнеше, тој просто се избезумуваше: и си се поднасмевнуваше, и подмигнуваше, и си помагаше со усните, така што од неговото лице, би се рекло, би можела да се прочита секоја буква што ја извлекува неговото перце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Отрув ти се сторило, оди, оди! избезумуваше вујната во таков час.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Знам (безумно промрморев). Бев шокирана. Се избезумив до крајност.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ги стави дланките врз лицето, поседе малку така, додека јас и Бреза стоевме без збор крај неа, потоа стана, нѐ прегрна толку силно што ми се чинеше дека коските ќе ни ги искриши и рече: - Простете ми, толку ме избезумивте што не знаев што зборувам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)