избичи (св.)
На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А упорит. Се фаќам со каул дека ги има избичено сите трупци долу.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така им беше пазарот со чорбаџи Тошета Налев: да сечат по десет трупа на ден, секој да ги дотера на бичкијата, да ги избичат ноќеска половината свои трупје, а половината да остане за мајсторот што работи само дење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)