избликне (св.)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Всушност бев помислил и дека не сум го рекол тоа; едноставно верував дека таа помисла избликнала кришум од мојата намера.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ама не, децата како да ѝ лазеа по мислата, туку се нафрлија и неа да ја гушкат и бакнуваат, а таа тогаш избликна во едно Оф оф оф миличкте на тетка!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)