избор (м.)

Не сум без избор: можам да бидам некаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Избори нови повторно се ближат сомнителни ликови на гласање се движат за поголем процент редовно се грижат па гласови мртви во кутија нижат О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Претприемчивите грчки угостители распоредиле неколку ресторани од кои на масите крај брегот сервираат богат избор од морски плодови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓу селаните настава џагор. Им се виде дека изборот на дедот поп е одличен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немаат право тие да протестираат против централното наречје и затоа што тоа е централно, како и затоа што изборот се прави од практични причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На 15 септември 2002 беа одржани четвртите парламентарни избори во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Година, година и пол се појавуваше на нивните трибини и зборуваше за нужните промени што општеството мора да ги направи, така што за почеток ќе мора да се одржат фер избори и генералот Стојан да замине од власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Немајќи друг избор, се вртам уште еднаш да погледнам кон Сатирот и тамам погледнав на која колчето на коешто седеше кога одеднаш еве го Сатирот зад мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За која партија ќе гласаа Хунзите Ако случајно се затекнеа во Македонија За време на изборите со оглед на тоа Што во меѓувреме ја примиле исламската вероисповед?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Треба да научиме да веруваме во животот кој го живееме, да им веруваме на сопствените избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Изборите се добиваат со платени реклами исполнети со моралистички слики, емоционални драматизации и малициозни измислици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе ти користи за избор во звање.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А за да биде такво, треба со општа согласност да се избере едно наречје за општ македонски литературен јазик. 158 Согласност ќе има, ми се чини, само ако секој од нас прави избор не по некакви естетски мерила и не по чисто месни причини, ами од гледиште на општите интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Внимавај на временската композиција. Располагај со сопствен избор во приодот кон сопственото доживување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Од она што можев да го гледам и да го слушам од комисијата за избор, акцентот се ставаше на формата на дундата: да не бидат устинките на дундата испуштени надолу, да има симетрија меѓу нив, да не биде едната подвисната во однос на другата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Наоѓаше другарче од средно, комшија од маалата или братучед на баџанакот кој е високо поставен во партијата која има победено на изборите. – Алек, ич не се изненадив кога ми рече дека тој ќе биде директор на секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Квалитетот и квантитетот на конкретната живеачка се резултат и последица од дејствувањето, изборот, свеста и совеста на креаторот, а тоа е човекот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе