избрка св.

избрка (св.)

И можеби ќе се кренеше нешто, да не дотрчаа стражарите да нѐ избркаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Војниците и кметот сѐ живо избркаа и не оставаа никој да се движи крај нивната куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да ги избркаме маглите и облаците и чадот кренат од оџаците, и насекаде да биде речено: сонцето има да грее непречено.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не смееш да го избркаш од дома, не смееш да го плашиш да не се трауматизира, не смееш дури ни попреку да го погледаш.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ќе одиме по крсти да се помолиме за полето и за нас. Да ја избркаме болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една ластовица предложи со сила да ја отворат вратата и да го избркаат врабецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас поради тоа сметав дека сум излишен овде во ЈугоМак и дека ми се готват да ме избркаат од работа, а малку да ми покачеа плата, колку да се смирам, ни несреќата ќе се случеше ниту пак јас ќе бев нервно поболен и позависен од алкохолот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нејзиниот поглед секогаш имаше нешто мајчинско кога доаѓаше од установата во чие основање учествуваше и самата, а во која беа згрижувани жените избркани од своите сопрузи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И што е ова трчање? Кого ќе го избркам јас оттука, кога и мене ме бркаат оттука?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој џган се овие, си велам избркани од дома се овие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпосле главатарот го нави часовникот за да заѕвони и за да го избрка стравот и викна: - Ќе го пратиме белово дете да го најде лавот и да му ја земе сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Муртењето на кучешката или мачешката муцка, со кое се нагрдуваат за да заплашат и да ја избркаат опасноста, едвај е поинакво од другите движења што ги прават.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Нека ме испцуе, ако сака и нека ме избрка, вечерва има да се реши ќе станам ли мајстор или не.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прислужникот чичко Петре веројатно ѝ ја знаел маната: ѝ набута во устата коцки шеќер а потоа нѐ избрка надвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И првнува смев, небаре јато врапчиња да си кренал, да си избркал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние што немаа билети ги отстрануваше од бифето. Ги избрка и сомнителните жени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе