извичник м.

извичник (м.)

Извичникот го ѕвекна плочникот бидејќи паѓаше од висина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сега од десно па на лево продолжив со стружењето и под кафеавиот слој се појави дел од бледо - црвена линија и под неа точка. Личи на извичник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога написот ќе се издвои, потцрта, означи со црвен фломастер, ќе се стават извичници и прашалници, е тогаш се зголемува ефектот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Извичник (!)
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
б) На крајот од секоја или од секоја втора заповедна реченица, кога следната започнува со голема или со мала буква: Нарачај будење! Стани веднаш по повикот! Потоа разбуди ги децата! – Оди, не чекај да те повика! продолжете кај што застанавте! – Пополнете го формуларот! Ставете го во пликот заедно со парите! Пликот внесете го во автоматот!
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Некои од седнувањето до станувањето не вртеа лист, гледаа во некоја буква или точка, запирка, извичник или прашалник. Некои од нас читаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тате ни го направи!“ викаа Мег, Мајкл, Стивен и Роналд и триумфално го влечеа конопот, а шумниот, громовит змеј на небото ќе јурнеше удолу, повторно ќе се вивнеше и ќе направеше еден голем и волшебен извичник во облаците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Е, ај напиши нешто љубовно, ако можеш... прашалник или извичник, сеедно е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
в) Точката се пишува пред излезните наводници во цитирани делови каде што имаме завршен исказ со соодветна интонација.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)