извлече (св.)
Бавно се извлече од леглото. Го спотна огнот. Стави врз него дебел дабов трупец, да држи жар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тогаш ќе се има можност да се види оти нашите интереси се така сплетени со нивните што со загубувањето на едните губат и другите, а сета полза од нашето непријателствување ја извлекуваат трети, ќе се рече, малите балкански држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Соочена со такви мрачни мисли мрзоволно го извлече ранецот од автобусот кој веќе беше пристигнал во дворот на Економското училиште.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги извлекуваш стапалата од некои диви капини и папрати и не знаеш дали бегаш од некого или бркаш некого.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И двајцата добро знаеме
на која жена мислиме
само јас отскокнувам кај неа
љубопитен и на вишини навикнат
не можев да си замислам
толку еднолично и неразонодено суштество
рамна снага рамен говор
несовршенството ме предизвика
потсвесно, како што обично се вели
правев трикови за забава на народот
покажував нови мустри
шарпи шешири шпилови
стапчиња топчиња кутивчиња
бели гулаби за бела магија
создавав драмски штимунг
го извлекував резервниот маж
последниот џокер
од мојот долг од што е дупнат
џеб, немав време за колебање
носев кружна насмевка
- рингишпил на лицето
каде јас, таму таа!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но, која е цената што треба да се плати за тие да можат да извлекуваат што повисоки профити?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но пак се плашеше да се извлече од под креветот и да ја запали сијалицата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Стоејќи пред затворената врата од под маицата ја извлеков врвката со клучот и отклучив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Лесно се наведнува над неа, ѝ подава рака и полека ја извлекува од снегот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некои од другарите веројатно и денес помислуваат дека среќно сум се извлекол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега требаше тој да се тегави за да извлечат што повеќе пари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Три години ѝ пишував песни, а таа ме одбиваше и се извлекуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Туку, сѐ едно... Среќно се извлековме... - додаде потчукнувајќи ме по коленото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури сега забележува дека од џебот на мантилот го извлекла чистото бело шамиче и механички ги брише очилата за сонце.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)