изгрее (св.)
Рано изутрина пред да изгрее сонцето.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ти изгреваш на далеку — да ли еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори над полиња и над реки над мојата татковина?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Штом сонцето изгреа, од пресилен ветер или самоубиствен нагон, железната жена се преврте преку оградата и падна на улица.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ни се случуваше да ни изгрее сонцето под италијанската војска, а да ни зајде под Грците. А ние, ни ваму ни таму.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Запаливме оган, се изгреавме и сега ќе си легнеме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја запре косачката сред дворот зашто почувствува дека сонцето тој миг зајде и ѕвездите изгреаја.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Нема толкава небиднина што да му попречи на Сонцето да изгрее!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Потоа почна да потемнува. Над неговата модрина изгреа првата ѕвезда и уште пред да се слее планината со небото, овчарите ги потераа овците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А кога не се најде трага ни од Хаџи Ташку со дружината, ниту, пак, од некои други ајдути, ко се дораздени убаво (небото изгреа ведро и дури и повцрвено од сношти, но сега на другата, на источната страна; и што удри една цибрина, срцето на човека да му распукне во градите) сите одново се собраа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Штом ќе изгрееше сонцето, орлите, во јата, ќе јурнеа од сртот на Потковицата спрема Беговски Ливаѓе, а лукавите штркови ќе ги намамеа во блатата, и тука, на земја, ги убиваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога ќе падне мрак и на небо ќе изгрее полна месечина, ќе се перпелкаме во покосената трева и ќе правиме деца.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
До нас еден Маџир од Костурско. Нѐ разбудуваа рано, пред да изгрее сонце. Излегувавме на гимнастика.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Престана дождот, ветрот ги разбрка темните облаци. Изгреа сонцето.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Сите имаа по девет години, и ако еднаш, еден ден пред седум години, сонцето изгреало за еден час и му го покажало своето лице на изненадениот свет, тие за тоа не можеа да си припомнат.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сонцето изгреа. Имаше огнена бронзена боја и беше многу големо.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Седнавме и чекаме, чекаме. Изгреа сонцето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Одушевена сум од рајчанината ава, кога наутро тивко ќе изгрее големото сонце проследено со кукурикањето, блеењето на овците, рикот на кравите...па ги открива раздвижените селани, ранобудници.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тогаш изгреа и месечината па кога се најдоа во сенка како да се почуствуваа посигурни.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)