изедначен (прид.)
Околу неа бргу би се намножиле свијоци со изедначени потенцијали.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Како во некоја страшно изедначена трка на 100 или 200 метри, кога фото-финишот решава кој ќе биде шампон.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тие се премногу изедначени меѓу себе, а нивните природни одбрани се премногу силни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Фактот дека Каменот на мудроста е изедначен со Duchamp и со Невестата, дека Duchamp е поистоветен со Меркур, дека coniunctio oppositorum на парот Брат- Сестра го дава Каменот на мудроста, дека местото на оваа таинствена трансмутација и спојување е умот - сето тоа наоѓа потврда во една кратка реченица од алхемискиот кодекс Artis auriferae: „Умот... е место на раѓањето на парот Брат- Сестра.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Невестата е изедначена со темјанушката, која, пак, од своја страна, изедначена со Ергенот го симболизира андрогинството. Невестата и Ергенот пак се едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој не ја прими понудата не дека гледаше во изедначената позиција некакво скрито предимство за себе, ами просто затоа што само со половина поен ништо не постигаше: оваа партија му е последна во полуфиналниот турнир, и само ако ја добие, само ако реализира вечерва цел поен, тој можеше да влезе во финалето за државно првенство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Веруваше ибн Тајко во изедначените места, па сакаше уште да ги направи и видливи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Затоа е изедначен и со едното и со другото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Набргу децата и предметите во домот речиси во сè беа изедначени, тешко беше да се одделат едни од други.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Како што времето, просторот и сознанието беа изедначени, така нив им се придружи и судбината.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)