излигави (св.)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Митра остана да ја суреди куќата. Да ги измие мисурките, лажиците, а новите бардаци пак ги однесе во земникот со една клетва по децата и бабите што се нашија од нив и ги излигавија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Првиот чекор за наоѓање газда е да се здобиеш со неговите симпатии“ - пишува во прирачникот за склопување кучешко-човечки пријателства, илустрирајќи ја успешноста на советот со фотографија на кокетен пекинезер како целиот излигавен ѝ се потпикува на една средовечна дама, која со насмевка му подава копанче.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
- Другар Василопулос, - се излигави Кузе - женава, другар, ја фатив горе, на крадење...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)