измиен (прид.)
Споменот ја има способноста дури и на најсветлата улица, измиена до коска од бистрата сончевина, да му понуди на споменот дамнешни простории и во нив мали осветлени витрини по кои погледот шета и ги пребира необичните скапоцени предмети.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ги вкопуваат нозете во измиената, речиси оголена земја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го подгреа здрвениот качамак во тавата, скрши поголемо парче сирење и по пет минути тавата беше како измиена.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ковчегот со измиеното и променето тело на Сандри, беше поставен во средината на црквата, а околу него гореа свеќи во рацете на присутните.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Плочите на патеката кон манастирот измиени - но суви - зашто жедната земја ја беше испила секоја капка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Чисти, измиени, облечени во пижами легнувавме во креветите со пеглани чаршави, што мирисаа прекрасно и се потонуваше во нив како во млака пријатна вода.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Така стигнуваа во градот: низ прозорецот - измиените улици прилегаа на надојдени, но веќе смирени води.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Се отвори небото чисто, сино, измиено, светло, небаре како друго да достасало; воздухот чист, проѕирен, се прелеваше како скапоцен камен; секој предмет наоколу одсјајуваше измиен и светнат; блескаа дрвјата, цвеќињата, тревите со некоја боја досега невидена.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мојот shrink е жена, измиена плавуша сосем налик на ѕвездата на моето детство, Doris Day.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)