измие св.
измиен прид.

измие (св.)

Да се измиеш, да се подзапереш или друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мирче: Не. Прво и прво не се измиени, а второ и второ види колкави нокти имаш. Лекарот мора да има чисти раце.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајка вели дека требало да си го измијам лицето за да не фаќа сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кутрето се налапа попара со млеко и муцка си изми во чиничето со вода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но Русија неколку пати официјално си ги изми рацете пред крвопроливањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со дождец ѝ се заканува дека танцот ќе го прекине, боите ќе ѝ ги измие и во непознат правец ќе ја однесе.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Си ги измивам рацете и лицето со снег и влегувам дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Те натепав зашто нема вода со која ќе го измијам срамот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу е важно за презимување растенијата убаво да ги измиеме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ги изми прстите колку што можеше подобро со ладната вода од чешмата и се врати во другата соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да си ги измиеме рацете и ќе почнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам дека сѐ што ми е извалкано со солзите ќе го измијам, ќе го исплакнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со пресна вода требало да си го измијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со други зборови, таа си ги изми рацете за сите несреќи од едно востание во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чист, измиен мермерот се белееше на сонцето, а сликата на мајка ми уште појасно испакнуваше на него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Толку гнасотии им поминале што ниеден сапун не може да ги измие. Ајдучка работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка му носи преслека и му топли вода да си ја измие главата, снагата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе