измислен прид.

измислен (прид.)

Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Измислен е зелен фирнајз со кој дрвото го мачкаш еднаш на сто години.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но и порано а и сега сум сигурен дека престојувањето на партизаните во нашата куќа не е измислена приказна и обично женско озборување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Измислениот возбудлив свет беше оаза кон која беа упатени сите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јебем ти таква демократија. Ако е тоа демократија тогаш мора да кажам дека е најпосраниот систем на уредување кој е измислен досега и не е ништо друго освен дупење у здрав мозок и трговија со гласови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со овој измислен настан го вратив својот долг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во сенка на измислена палма Дише црн мрак.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Поп Данаил Москополчанин не може баш да се сети дали кога првпат беше во Венеција беше измислен фудбалот на мали голчиња и на што мислеа Венецијанските трговци кога претскажуваа светска економска криза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Оттука не те спасува ниту сто и првиот живот на некој си фраер измислен во книгите – процедува дибекот со качкет – Во триаголниците ја собравме твојата немоќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На секое разминување умира по еден дел од мене, умира по еден мирис од секој цвет, на измислениот букет кој ми го подари еднаш.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Некои не можеш да ги излажеш, што се вели, и да ги натераш на измислена борба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Македонија е школски пример за фантастика - за премин од едно на друго рамниште на раскажување; - за премин од реалниот во измислениот свет - за губење на границите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Човечките игри и нивните скриени правила се прецизно разработени во вашите филмови, особено во вашите поставки на некои понеобични или измислени игри.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На мојот суров полуостров се измислени сите подароци што развенчаа Кралства.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Носталгија не постои. Со гаранција. Измислена е од Егејците, за да имаат за што да им зборат на внуците.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тие се плашеле од сенката на измисленото чудовиште заради кое Онисифор Мечкојад му ја сечел жилата преку жолтичавото чело на богдагопрости чабавиот богоугодник и видовит човек Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш ќе се сретнувам со студентите. Ќе им расправам со фаталистичка сериозност измислена одмазда а тие ќе се смеат, ќе играат околу мене и ќе ме збунуваат со чудни прашања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе