измислица ж.

измислица (ж.)

Измислици дозирани во мали пластични насмевки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Изборите се добиваат со платени реклами исполнети со моралистички слики, емоционални драматизации и малициозни измислици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатливи и таканаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сѐ уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа во ова тврдење имаше и една голема измислица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Приказните за Голдштајн и за неговата илегална армија, рече таа, се целосна измислица што ја исконструирала Партијата за свои цели и во која човек мораше да се преправа дека верува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе и самиот буден, врескавиот глас се почувствува понижен од навредите на братот близнак, од неговата измислица.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Користете се со нив, јас знам дека многу Французи ќе завидуваат затоа што други го напишаа она, што тие усно го изучија, но јас не сум себичен и отворено си признавам дека овие прекрасни правила не се моја измислица, ние им ги должиме нив на оние Французи, кои, завршувајќи го својот курс по филозофија, дојдоа кај нас да ни држат часови. okno.mk 123
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Посебно ми паѓа тешко фактот дека оваа измислица треба да компромитира познат учесник во борбата за слобода", нагласува во своето сведочење другарката Басотова.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сократ ја позајмил од Делфискиот пророк сентенцата „Себе си запознај се“ и ја пласирал кај своите ученици како негова лична измислица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сказанијата измислици се, за разлика од собитијата, кои верно се случиле и верно треба да се преподадат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слободата за која бладаш е литерарна измислица.Таа постои, под контрола, се разбира, само уште во театрите и јавните куќи. Инаку се истребува како заразна болест.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А кога слушнале отците што ме нашле дека дете половингодишно знае најразчични собитија да преподава, и дека тие собитија корен немаат во стварноста, туку се дрво во воздух, измислица чиста, ме нарекле Сказник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали не е само измислица на Полицијата на мислите?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да ќе проникне во онаа измислица што сакам да му ја кажам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Каква потреба ќе има жената да ме пресретнува нарочно мене. Мои измислици.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе