изналепи (св.)
Тапанџијата е клекнат пред неа, ја искривил шијата и ја гледа в очи; и свираџијата свирката ја вперил во неа, жилите на образите и вратот ќе му испукаат од напнатост; мевот му е стегнат со појас за да може подобро да дува; челото му е покриено со изналепени пари.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но тој не знаеше дека додека младите газеа лепешки, бабите, во пондилите, топлеа полни котли вода, во која имаа ставено и боливач и босилек, за приквечер, кога снаите и чупите ќе ги изналепеа лепешките, да се измијат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- И ѝ ја пцујам мајката на кралицата затоа што народното богатство го изналепила на ѕидовите... Ах, ах, ороспијата германска...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И затоа ги изналепија црвените плакати.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)