изнамачи (св.)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се изнамачи додека излезе надвор.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Србин се настрани, му направи место и одкако доста се изнамачија, се сместија, заспаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И, луѓе мои, колку се изнамачи, ете цела година и половина, а кога беше готов замина за Стамбол и го превезовме скелето, се одвлечка на оној коњ: ама да се свртеше еднаш или накај нас или накај мостот! Јок.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со Ангелета многу се изнамачив. Беше во жетвата, жниевме ’рж, време осилаво и усвитено, земјата пука. Скакулци бегаат пред српот, а ние жниеме со Јона.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)