изникне св.

изникне (св.)

Скинете од неговиов корен и посадете си го на дланката На неа да изникне мала Сама Бука И нешто како детето во вас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Врз основа на сето тоа што го реков јас за историјата на националните имиња што се имаат сменувано едно со друго, како и за причините за тие сменувања, ќе изникнат многу злоупотреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тревата одамна изникнала. Се зеленее и веќе пораснала.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Човекот што дојде да седне со нив изникна некаде од темнината.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А за Митра не бери гајле. Таа е сместена и има пари да поседи со Јована Гуровчето во Софија. Со овие зборови Толе им даде на Трајка и Атанаса да разберат, дека семето што го фрлија падна на плодна земја и убаво ќе изникне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласовите недосекнати, одвај стишени, ги наткрилија други: Изникнало цвеќе во момини дворови Ран бел босилек, црвен каранфил...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најстарата, тета Наца, во својата деведесетта, од прстите глисти ги изникнуваше Шопеновите полонези на раштиманиот метален пиано.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од некаде изникна фудбалска топка и гардистите безгрижно ја шутираа по собранискиот тревник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во низата на корумпирани и неспособни политичари, кои, единствено беа загрижени за добрата финансиска состојба, своја секако, и на своите блиски, во тешките времиња на нашата транзиција, во севкупниот хаос продуциран од корумпираната олигархија, се појави човек изникнат од народот, кој го посвети својот живот на доброто на народот и својата голема енергија до последна капка ја троши за просперитетот на народот".
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Колку убавини да се среќаваат во Париз, сепак, кога се слуша за неговите идни развојни концепции, кои треба да станат стварност по триесетина години, кај секого оживува своевидна заинтересираност, зашто се смета дека во периферните длови на овој град ќе изникне нешто екстравагантно, нешто единствено, зашто се знае дека тоа се случува во најубавиот град на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се чини дека во трк се наближуваат стрелачките ланци, дека ситно yвечка оружјето... секој момент се чини дека од калдрмата ќе изникне сива, расплината фигура и ќе повика: - Стој!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И тогаш во куќата каде што бил скриен малечкиот Исус, одненадеж изникнал бршлен, и така тој се спасил. - Хм, интересно... - рече полковникот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)