изоран (прид.)
Се добива впечаток дека тука е свежо изорана нива.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Никогаш не му дадов знак дека е во мене и дури по оној несреќен ден кога ме расипа агрономот во изораната нива и додека бев во болница во Сомбор тој се појави и јавно ми призна дека мене ме гледа како замена за својата спалена невеста независно што ми се има случено.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Почнав со посетата на онаа нива во Далјани, во која дамна, седнат во топлата свежо изорана бразда што се испаруваше, гледав како волците слегуваат по сртот на планината, темни четинари спроти пролетната проѕирност, гледав како две чавки ја опчекориле, гладни, нашата ровка земја, и како волците стигнуваат зад стапалата на татка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Сега сета земја е изорана, велам, сета земја е една голема ораница, велам и го превртувам на плеќи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Други, не грчки војници, Ангелина и Агрономот го направија тоа во една непрегледна нива што туку изорана, таму, Ангелина ме држеше, а Агрономот ме силуваше, И така, не најдов сили да завршам со себе, ни да пометнам, се предадов, го засакав како свое тоа црно семе и го оставив да расте во мене!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Кој ќе ми ги ора нивите, вели Витомир, земјата ќе ми остане неизорана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зад нив под месечината остануваа да се црнеат една зад друга нивните изорани крвави траги, по кои подоцна, како уште пострвни мршари, се собираа и го јадеа сиот тој снег, само најстарите и најбессилните, на кои годините и раните, што им течеа, не им даваа да се понесат на танецот на тоа виорно, крваво оро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговиот духовен син Бен Али набргу ќе осознае дека најдобро ќе ја води земјата доколку продолжи да работи на изораната нива на бургибизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)