изоставен (прид.)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На песната не можеше да ѝ најде полифонична рамка, песната остануваше, прекината, неповрзана, во потрага по хармонија, како текот на судбината на неговиот живот, последица на некој изоставен договор со минатото, чиишто заложници стануваа потомците.
„Граница“
од Луан Старова
Се почувствува изоставен, отфрлен, сам...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)