изразување ср.

изразување (ср.)

Хистеричите изливи на омраза против населението кое во Македонија се борело против турската власт биле проследени со изразување на дотогаш нечуени симпатии кон султанот и неговите крвави репресалии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи самата оваа врска претставува некаков однос во реалниот свет разумно е да се претпостави дека постои некаков начин за изразување на карактерот и својствата на врската со помош на граматичките правила на јазикот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некогашните вообичаени клетви беа заменети со нов начин на изразување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веројатно заради санкционирање на слободата на изразувањето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме чуја никаквеците, го чуја мојот хуманитарен глас во прилог на слободата на изразувањето, но се правеа дека не ме чуја, дека јас наводно својот глас сум го кренал откако тие си ги навлекоа црните надгробни плочи. Тоа не е вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ваквиот релативно доцен настанок на системот на изразување на бројни вредности во грчкиот систем на писмо се покажува низ фактот на губење на грчкиот еквивалент за старосемитското садхе, кое во грчкиот систем на писмо е внесено на 27 место со бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа што го говорите треба да биде во согласност со тоа што го мислите, способноста да се најдат соодветни зборови за тоа што сакате да го кажете е во слободното изразување на чесните мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Работниците сѐ помалку можат да се потпрат на протестите и штрајковите како најдоминантни форми на изразување на нивното незадоволство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Хичкок во текот на својата работа во Америка помина низ многу фази, постојано барајќи нови можности на изразување, одговарајќи на новите предизвици и продлабочувајќи го своето сфаќање за светот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Изразувањето на бројните вредности со помош на систем на писмо го одбележува карактерот на писмото, неговата парадигматика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но и тој не располагаше целосно со својата слобода на изразување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но во Владиното соопштение има уште едно многу важно место: револуционерните комитети, според изразувањето на руската влада, сакаат да создадат “Бугарска Македонија”, а Русија, за којашто се блиски и интересите на другите христијански народности во Македонија, не може да ги жртвува нивните интереси за Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Математичкиот алгоритам ќе ги изрази формалните закони на симболизацијата, синтаксичките структури, независни од ова или она поединечно средство на изразување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Цел на Новоговорот не беше само да обезбеди медиум за изразување на погледите на светот и на менталните навики што им прилегаат на приврзаниците на Ангсоц, туку и да ги направи сите други начини на мислење невозможни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи јазикот не служи само за изразување на сопствените мисли, туку и, суштински, за нивно соопштување на друг, би можеле да се запрашаме како „првобитниот Египјанец“ ги пренесувал мислите на својот ближен “на која страна од двојниот поим секојпат мислел”?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Тоа го ценам кај дамите со реноме“, рече авторот намерно служејќи се со постилизирано изразување за да го погали малограѓанскиот менталитет на коконата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едвард Сапир тврди дека ‘јазикот е еден водич во општествената реалност’ и дека човечките суштества се на милост и немилост на јазикот кој станал медиумот на изразување за нивното општество.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Начинот на поведението и изразувањето на старчето, на впечатлив начин, на Едо му наметнуваше претстава за Петра што тој многу добро ја разбра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе