изрипа св.

изрипа (св.)

И наеднаш му текна нешто: тој изрипа од колибата надвор, а кога се врати во рацете држеше голема главица зелка, од која што ги кинеше горните лисја и ги фрлаше надвор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Изрипавме сите од местото. Мајка ми прва стигна до портата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изрипа рането Јаким и ги стегна силно градите, ги задржа солзите - сакаше да го гледа во далечината бродот, што пореше со Божина милиот побратим, со кого ергенуваше и во рани зори ги будеше со својот писан кавал заспаните родни планини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А овие изрипаа од дупка како сотони од пекол, па, ти си ни кум! Циганска работа! Тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Давиде Недолетниот видел риба што изрипала од реката и полетала кон небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои изрипуваат, потплашени од своето грчење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изрипуваат јазовци, срни и зајаци, кршкаат меѓу дрвјата, цела планина се преселува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изрипав возбуден. Го залепив носот до прозорецот и гледав во дворот во кој предметите, оставени од синоќа, не се ни препознаваа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како што го фрли така изрипа од ровот како да се фрла во безсознание.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А кога, по малку, тој одеднаш ќе изрипа, ќе се крене на нозе, сите се развеселуваат, сите грмнуваат на глас: „Оживеа Лоте, оживеа...” го прегрнуваат, го бацуваат и одново почнуваат да пијат за новиот живот на Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)