изусти св.

изусти (св.)

Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски ГОВОР: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ми ја земаш целата куќа!“, изустив по некое време со неверица, како божем се работи за некое недоразбирање, кое може сепак да се исправи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најстариот не изустил богохулни зборови откако видел дека не е неговата калеша, а вториот гласно рекол сполај ти Господи за спасението на мојата перачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Со секој збор што го изустуваше Вера ми стануваше јасно дека е тоа нејзината историја и на моменти сакав да ја запрам да не раскажува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Испраќа еден блесок од очите кон Пелагија, а таа, иако притисната од наплив на многу мисли, станува свесна за тоа и ѝ враќа опул со огромна благодарност не изустувајќи ни еден збор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Усните ѝ затреперија и сал за краток миг се стопија и откако низ нос испушти долга, мачна и таговита издишка, таа тивко, одвај чујно, небаре се плашеше да не ја повреди тишината и молкот и никого да не растревожи, шепнешкум изусти:
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Втренчено гледав и не можев ни плувачката да си ја проголтам, а камоли нешто да сторам, да изустам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кој можел да го убие, се прашуваат луѓето и се знае каде им оди помислата ама никој не се решава тоа да го изусти.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Циљка прекина, воздивна длабоко, погледна на околу и тивко, одвај чујно изусти: - А дедо и баба и мајка и татко и сите ние рожбите нивни дома секогаш вака си се крстевме и велевме: слава Отцу и Сину и Свјатому духу и ниње и присно и во вјеки вјеков... Амин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не стаса да ја изусти и последната желба: да го стуткаат некако во винско шише и да го пуштат да се изнаплови по морињата, барем така еднаш да види море.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Поклонувајќи му се на дојденикот дури доземи, човекот со разгорештени усни изусти: - Јас еднаш се зареков: Онему што прв ќе стапне во земјата Дардаванија, ќе му ги подарам сите ордени, сите родени и неродени скапоцености ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ѓорѓи слуша како тропа земјата врз кивурот и веќе не може ниту да заплаче, ниту да изусти збор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никој никогаш не го допрел, изусти тој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оние кои излегоа, мајко збор не изустија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тогаш стариот му го пружил пликот и по адресата тој го довел тука кај нив. Стариот ни збор не изустил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не можев да ги изустам вистинските зборови, во овие неочекувани мигови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Душата - птица, лета, Отклучете ѝ, отворете ѝ, Нека одлета Небото да го надлета И на него да слета, Со песната изустена Од мојата уста Од зраци исплетена.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Повеќе